За нас

За Квалитет Пром

Опсег: складирање, трговија и дистрибуција на градежни материјали, производство на електрични кабелски сетови.
Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ е 100% приватна компанија основана во 1990 година како семеен бизнис. Идејата за основањето на компанијата е поврзана со претходно неколкугодишно претприемачко работење во градежништво односно изградба на куќи со комплатна организација на изведбите до клуч на рака.

Имено самите почетоци на приватизацијата во Р. Македонија и создавањето на македонскиот пазар на принципите на пазарна економија, создадените нови можности, искуството во градежништвото и запознавањето со потребите на клиентите за сите видови на материјали при изведбата на објектите, беа инспирација на основачот да се регистрира фирмата Квалитет-Пром и да се отвори првиот склад за градежни материјали во Куманово. Покрај широкиот асортиман на материјали , Квалитет-Пром воведува и процес на сопствено производство на бетонски блокови и бекатон плочки кои за кратко време станаа препознатливи на пазарот по својот квалитет. Како логистика во своето тековно работење, Квалитет-Пром инвестира во транспортни и помошни средтва пред се камиони, влекачи и полуприколки, автоцистерни за транспорт на нафтени деривати, автодигалки, виљушкари итн.

По неколкугодишно успешно работење, Квалитет-Пром во Куманово отвара уштен еден склад за трговија на големо со арматурно-бетонско железо, арматурни мрежи, статик носачи, жичани производи и профили. Посветеноста кон клиентите и нивните потреби надополнето пред се со способноста да се одговори на специфичните барања по однос на квалитети и стандарди, брзи и навремени испораки организирани со сопствени транспортни средтва придонесоа Квалитет-Пром да стане лидер на пазарот во снабдување и испораки на арматурно-бетонско железо. Тоа го потврдуваат пред се големата пазарна застапеност, големиот број на признанија, благодарници и препораки од задоволни клиенти.

Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ е 100% приватна компанија основана во 1990 година како семеен бизнис. Идејата за основањето на компанијата е поврзана со претходно неколкугодишно претприемачко работење во градежништво односно изградба на куќи со комплатна организација на изведбите до клуч на рака
Во 2007год. компанијата е меѓу првите која добива одобрение за Царински склад и поедноставени постапки за локално царинење. Две години подоцна, Квалитет-Пром станува имател на царински терминал за увозно-извозно царинење на стоки каде во склоп на терминалот функционираат шпедиции и царинска испостава. Како надополнување на својата дејност за целосно задоволување на потребите на клиентите, компанијата инвестира во изградба на затворена хала опремена со кранови, автоматски и полуавтоматски машини за обработка и спремање на арматура како и изработка на челични конструкции.
Во 2012год Квалитет-Пром ја основа градежната компанија Рапид Билд инвестирајќи во најсовремена опрема ,средства за работа, градежни машини и за релативно краток временски период создаде препознатливо име во градежниот сектор во Р. Македонија. Непосредно по започнувањето со работењето на Рапид Билд, Квалитет-Пром се јавува како инвеститор во изградба на станбен објект во Скопје со што своето работење го дополни со продажба на недвижнини
Во 2015 година Квалитет-Пром станува доминантен сопственик на фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври АД од Куманово и благодарение на своето искуство, знаење, инвестиции и пред се напорна работа, успеа од фирма со долгогодишни загуби и пред затворање да ја одржи во живот а само по нецели две години управување, во 2016год ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово покажува позитивни финансиски резултати и зголемено производство.
Квалитет-Пром денес е компанија со широк опсек на дејности, изградено име и репутација на сигурен и стабилен партнер во снабдување на градежни материјали со акцент на арматурно-бетонско железо и производи од црната металургија