Услуги

Транспорт

За сите наши производи вршиме транспорт до вашиот објект или склад. Испораката е навремена и бесплатна. Ваше е само да порачате а ние ќе го организираме сето останато. Транспортот се врши на територијата на Република Македонија и надвор од неа.


Покрај класичниот транспорт како една од нашите основни услуги, КВАЛИТЕТ-ПРОМ располага со сопствени автоцистерни за транспорт на нафтени деривати, како и сопствени автодигалки со капацитет од 50т, 30т, 20т и 16т.

Армирачки Погон

Располагаме со машини за сечење и виткање на арматура по дадени скици со димензии од 6мм до 40мм. Исто така имаме специјални роботи за автоматска изработка на узенгии со различни големини и димензии од 8мм до 12мм.


Нашиот професионален тим од армирачи може да одговори на секое барање на клиентите.

Терминал

Како дел од нашето работење е и ЦАРИНСКИОТ ТЕРМИНАЛ ЗА УВОЗ-ИЗВОЗ со можност за сместување на 100 товарни возила.

Јавен Царински Склад

Квалитет Пром располага со Јавен Царински Скад со отворен и затворен простор. Нудиме можност за складирање на различни видови стока како и:

• Царинско складирање (IMA 7);
• Складирање на автомобили, товарни возила и вонгабаритна стока и машини;
• Професионален тим на ваше располагање.